(Видео) Голман во 91. минута даде гол преку целиот терен

Голманот на Модена, Рикардо Гањо успеа да даде гол во 91 минута од преку цел терен. Тој даде гол за победа на неговиот тим од 2:1 на мечот во Серија Ц во Италија, против Имолезе. Неговиот гол беше пресуден во борбата за влез во повисоката лига Серија Б.

Откако ја шутна топката, таа го прелета целиот терен, а на крај и противничкиот голман Марио Роси. За потсетување, Модена се наоѓа на првото место на табелата.

Scroll to Top