(Видео) Македонија загуби од Австрија во првиот натпревар на Европското првенство

Македонија го одигра првиот натпревар на Европското првенство. „Црвено-жолтите“ изгубија против Австрија со 3:1. Гол за Македонија постигна Горан Пандев кој стана првиот стрелец за Македонија на Европските првенства.

Со 37 години и 321 ден, капитенот на Македонија стана и вториот највозрасен стрелец во историјата на Европските првенства. Пред него на листата е само Австриецот Ивица Вастиќ.

Голови за Австријците постигнаа Лаинер, Грегорич и Марко Арнаутовиќ. Вечерва се игра вториот натпревар во групата Ц во која е и Македонија, меѓу Холандија и Украина.

Вториот натпревар Македонија го игра на 17 јуни, против Украина, додека третиот ќе го играме во Амстердам против Холандија.

 

Scroll to Top