(Видео) Навивачите го нападнаа Салах по промашувањето пенал за Египет

Навивачите го нападнаа напаѓачот на Египет Мохамед Салах, по мечот со Сенегал во кој неговата репрезентација загуби на пенали и испадна од Светско.

Египет загуби од Сенегал на ист начин како и пред два месеци во финалето во Африканскиот куп на нации, а овој пат трагичарот беше Салах кој пред да шутира, голем број од противничките фанови му сметаа и со ласери, па затоа и промаши.

По последниот свиреж на судијата, навивачите и на Сенегал, но и оние на Египет влегоа на теренот, а Салах мораше да го спасуваат не само редарите, туку и неговото приватно обезбедување. Тие му ја штитеа главата од тврдите предмети кои беа фрлани кон него.

Веројатно е дека Сенегал ќе биде казнет поради големиот пропуст во организацијата, пишуваат некои од медиумите. Тие во четврток ќе ја чекаат ждребката за Светско, а нивната репрезентација се наоѓа во третиот шешир.

Scroll to Top