Неколку лица се повредени кога параглајдерист слетал на теренот во Минхен пред почетокот на натпреварот на Европското првенство меѓу Франција и Германија, објавија од УЕФА.
Активист на „Гринпис“, додека слетувал, ги закачил жиците од камерата поврзана со покривот на стадионот по што изгубил контрола и непријатно се приземјил на тревникот. Малку недостигало остатоците што паѓале на теренот да го погодат францускиот селектор Дидије Дешамп.
„Ова беше невнимателен и опасен чин и властите ќе ги преземат сите неопходни мерки. Овој неодговорен чин предизвика повреди кај неколкумина гледачи, кои завршија во болница“, соопшти УЕФА.
И параглајдеристот, на чиј падобран пишуваше „Исфрлете ја нафтата!“ и „Гринпис“, прими лекарска помош пред да биде изнесен од теренот. „Гринпис“ подоцна објави дека донирал пари за една хуманитарна организација од Базел.
„Ова беше неприфатливо од секоја гледна точка. Полицијата го истражува инцидентот, кој можеше да заврши многу полошо“, изјави портпаролот на Германската фудбалска федерација.
Can’t believe I just caught this on video. Parachuted into the stadium, got caught in the spider cam and nearly crashed into the crowd. Hope he’s ok! #GERFRA #EURO2020 pic.twitter.com/PJ49WYdFM9
— Max Merrill (@MaxMerrill_) June 15, 2021