Македонскиот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски, стигна во Скопје. Со овации, Дејан, кој на Олимписките игри во Токио и освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од многу граѓани на аеродромот. Вечерва, во 19.30, на скопскиот плоштад Македонија, ќе има организирано голем пречек за Георгиевски.
(Видeо) Овации за олимпискиот вицешампион, Дејан Георгиевски се врати во Скопје
