(Видео) Ретко виден гол од корнер на фудбалер на Барселона

Синоќа љубителите на фудбалот имаа можност да уживаат во натпреварите во Лига Европа и Конференциската лига, но фудбал се играше и во Јужна Америка, каде навивачите на Барселона од Еквадор може да се израдуваат на ретко виден гол од корнер.

Барселона од Еквадор го победи уругвајскиот Монтевидео Вондерерс со 4:2 во мечот од првото коло во групната фаза на јужноамериканскиот турнир. Најголемо внимание привлече голот на Дамијан Киту Дијаз од корнер.

Scroll to Top