Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас објави видео како игра и меша во соблекувалната на Наполи. Го снимал неговиот клупски колега Амир Рахмани, по последната победа во Серија А против Торино. За потсетување, тој од зад грб асистираше за погодокот на Наполи.
Тимот сега е прв во Серија А со 8 победи во 8 натпревари.
Рахмани по мечот рече дека Елмас бил роден само за да игра на свадби. Ова не е првпат тој да се пофали како игра оро. Елмас заигра и по историскиот пласман на Македонија на Европското првенство.
Вчера Наполи ја победи и Легија во Лига Европа со 3:0.
(Видео) Елмас зад грб асистираше за осма рекордна победа на Наполи