(Видео) Се степаа Комити и Чкембари па интервенираше полицијата: Инцидент на натпреварот Вардар – Пелистер

Навивачките групи Комити и Чкембари се степаа на трибините на СЦ Јане Сандански за време на ракометното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.

Инцидентот почна брзо откако Чкембари влегоа во салата. Некои почнаа да фрлаат со столчиња и запалија факели, па неколку членови на групата Комити тргнаа да се тепаат со Џкембари. Веднаш реагираше полицијата, па немаше поголем инцидент.

Нетрпеливоста меѓу двете најпознати навивачки групи во Македонија продолжи со пеење навредливи песни и покажување навредливи транспаренти, што како да стана пракса секојпат кога играат клубови од Скопје и Битола.

Комити и Чкембари се познати по ривалството кое постои помеѓу нив. Тепачката во Скопје не е прв инцидент меѓу навивачките групи. Често пати тепачките што почнуваат на натпреварите, потоа продолжуваат надвор од спортските стадиони.

За потсетување, дерби натпреварот во Скопје заврши 23:24 со победа на ракометарите на Еурофарм Пелистер.

Scroll to Top