(Видео) Синиша Михајловиќ пак погодува од слободни удари

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ повторно ги воодушеви сите љубители ширум светот, откако неговиот тим објави снимка од еден од тренинзите, на кои тој шутира од слободни удари.

Михајловиќ успешно се опорави од леукемијата, а сега покажа дека не го заборавил она што беше негов заштитен знак во времето додека беше активен фудбалер.

Според најавите во италијанските медиуми, Михајловиќ наскоро би требало да потпише нов повеќегодишен договор со италијанскиот клуб Болоња.

Мајсторот за слободни, демонстрираше што може со својата топовска левица, а чуварот на мрежата на Болоња, не му беше лесно да ги одбрани неговите шутеви.

 

Scroll to Top