(Видео) Тренер се повреди додека го славеше погодокот на својот фудбалер во 95 минута

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусијен Фавр се повреди додека го славеше победничкиот погодок на неговиот тим во 95. минута против Дизелдроф. Халанд беше стрелец на погодокот, а по неколку скокови, Фавр се фати за потколеницата.

Мускулите не го издржаа налетот на адреналин. Ова не е првпат Фавр да се повреди. Нешто слично се случи и пред седум месеци. Тогаш за Дортмунд погоди Брант, а на сличен нечин реагираше Фавр.

Халанд дојде до 16. погодок во 14 меча.

Scroll to Top