Актерот Тимоти Шаламе со најсмел стајлинг на Венецискиот фестивал, фановите го споредија со Дамијан Дејвид

Актерот Тимоти Шаламе на Венецискиот филмски фестивал на премиерата на својот најнов филм „Коски“ се појави во црвени целосни комбинезон прилепени панталони со целосно гол грб.

На 26-годишниот актер не му се непознати смелите модни комбинации, но неговото последно појавување стана хит и предизвика низа реакции на социјалните мрежи кои се поделени. Додека многумина го фалат и се восхитуваат на неговата храброст и оригиналност, има и такви кои го нарекуваат копија на Хари Стајлс и Демиан Дејвид од италијанската група Манескин.

Темата на филмот „Коски“ е канибализам, така што изборот на крвава црвена боја на Тимоти не е изненадување. Тој самоуверено прошета по црвениот тепих, позирајќи им на фотографите од сите агли.

Вог овој стајлинг на Тимоти го прогласи за најхрабар досега, а е креација на неговиот омилен дизајнер и близок пријател Хајдер Акерман.


Scroll to Top