Џеј Ло во оверсајз кратка маичка моден тренд за ова лето

Во комбинациите за секојдневни пригоди Џенифер Лопез знае да биде и елегантна, но и често смела во нејзиниот избор. Често можеме да ја видиме во најлежерните парчиња облека како хеланки, тренирки и друга спортска облека. Така латино-дивата овој пат избра многу опуштена комбинација за извршување на секојдневните обврски.

Таа спои оверсајз памучни панталони во сина боја и маичка со долги ракави, под што се гледа белиот топ со машна, бели патики и чанта од модната куќа Диор. Тоа не е класична маичка, туку скратен модел на дуксер кој допира до градите од напред и го открива грбот одзади, и не е функционален како традиционалните маици со долги ракави. Овие маици често имаат улога на моден додаток во комбинациите.







		
		
			
Scroll to Top