Џенифер Лопез во неверојатна модна комбинација

Претпразничната еуфорија и шопингот со нејзината мајка беше можност американските папараци да ја фотографираат Џенифер Лопез во неверојатна модна комбинација.

Фармерките се исто така нејзин омилен моден предмет. Се носат во сите пригоди, како свечени, спортски и во зависност од тоа со што ќе ги носите, имате можност да оставите впечаток со нив на деловна вечера, но и на ноќно излегување во градот. Исто така, не се носат само обичните, што се вели – бледи или темни, туку и испрани, искинати. Тоа најдобро го покажува Џенифер Лопез, која освен што е пејачка и актерска ѕвезда, исто така е некој што поставува модни трендови – поставува сосема нов и неочекуван тренд.

Имено, таа навистина оправдано го зазема местото на една од најдобро облечените жени во светот, а овој пат предизвика сосема различни реакции.

Деновиве на новогодишниот шопинг се појави со својата мајка и во сосема поинаков стајлинг – носеше не само широки и необични скроени фармерки, туку и фармерки кои изгледаа валкани, калливи. За ова лежерно излегување со нејзината мајка, Џенифер избрала едноставен светло-кафеав џемпер, додека остатокот од аутфитот ја задржал земјената палета на бои.

Можеби се прашувате што се лажни калливи фармерки, но токму тоа се – фармерки со дамки од кал на нив. Тие чинат повеќе од 400 долари, па за цената сепак се чини дека припаѓаат на луксузни предмети.

На интернет веднаш се појавија коментари – додека некои ги советуваат луѓето да ги купат најобичните фармерки и да ги извалкаат во кал, други веруваат дека овие фармерки претставуваат костим за богати луѓе кои никогаш не направиле ништо во животот.

Scroll to Top