Елегантна и префинета – фустан во лимета боја создаден за Никол Кидман

Оскаровката Никол Кидман на црвениот тепих на премиерата на филмот The Northman продефилира во креација што ги привлече сите погледи. Таа на премиерата пристигна во долг фустан во лимета боја, која ја следи линијата на нејзиното тело, украсен со светкави детали на долниот дел и розови пердуви на рамената.

Станува збор за креација на модната куќа „Прада“, која актерката ја спои со накит на „Орлов“. Храбриот фустан Кидман го надополнила со сребрена чанта и црни сандали на високи потпетици, а нејзината коса била крената во елегантна пунџа со неколку пуштени прамни.

Пред премиерата актерката на „Инстаграм“ објави дека со нетрпение очекува повторно да се сретне со колегите актери и со тимот што работел на филмот за принцот викинг, што го игра Александар Скарсгард. Тој во едно претходно интервју изјави дека нема подобра филмска партнерка од Никол Кидман.

Scroll to Top