(Фото) Керол Мидлтон на кралски настан го облече истиот фустан што Кејт го носеше лани

Мајката на Кејт Мидлтон, Керол Мидлтон, присуствуваше на кралски настан на кој го облече истиот фустан што војвотката го носеше пред една година.

Керол Мидлтон има 67 години, а изгледа како да е постара сестра на Кејт и Пипа. Таа била некогашна стјуардеса, а денес е баба на пет внучиња.

Кога и да се појави во јавноста таа е стилизирана од глава до петици и често е тема на британските, но и на светските медиуми. Последната фотографија на која таа и Кејт носат ист фустан, фановите коментираа дека Кејт Мидлтон е иста како нејзината мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HELLO! Magazine (@hellomag)

Керол Мидлтон родена е во Перивал, а израснала во Саутхол, Лондон. Мидлтон се школувала на државните училишта пред да работи како секретар. Таа потоа се приклучи на „Бритиш ервејс“ и работеше како стјуардеса до бракот со Мајкл Мидлтон. Мидлтон ја основаше Party Pieces, компанија за организирање забави по пошта, во 1987 година. 

Scroll to Top