Моделот Лила Мос, ќерка на легендарната Кејт Мос, неодамна присуствуваше на настан за брендот „Desigual“ во Барселона.
За таа пригода, таа одлучи да носи фустан во малку потемна виолетова боја, украсен со интересни жолти детали на рабовите.
Нежниот фустан ја истакна нејзината витка фигура, а таа се потруди да привлече уште поголемо внимание со еден провокативен потег. Градникот беше намерно изоставен од нејзината модна комбинација, а тоа ја скокоткаше имагинацијата на многумина.
Својот стајлинг го комплетираше со минималистичка шминка во земјени тонови, брановидна фризура и чанта чиј дезен многу потсетува на стилот од 2000-тите.
Се чини дека младата Лила полека ги следи стапките на својата мајка. Со својата природна убавина и шарм, таа многу потсетува на легендарниот модел од 90-тите, и нема сомнение дека ќе постигне завидни резултати.
фото: принтскрин