„Впечатливите“ обетки, нараквици и ѓердани беспрекорно се вклопија во актуелните трендови, добивајќи мноштво различни форми, така што има по нешто за секого во овој сегмент. Дури и ако сте страствен љубител на суптилните детали, веруваме дека ќе ви биде тешко да им одолеете на некои од шарените парчиња накит од новите колекции.
Минатата година бевме сведоци на подемот на трендот „фудкор“ и сè беше преполно со шарен накит со овошни мотиви – помислете само на хит обетките – цреши.
Оваа година, романтиката е во преден план, а безвременскиот мотив на цвеќето блескаше во посмели силуети и бои од кога било досега. Опсесијата со тропските цвеќиња продолжува, а преголемите обетки украсени со шарени егзотични „ливчиња“ се детаљ кој повеќе не е резервиран исклучиво за плажа и „afterbeach“ забави.
Обетките во облик на големи тродимензионални цвеќиња се побројни од кога било на главната улица, и станаа омилен избор на трендсетерките за малку поубави пригоди во топлите денови.
Заедно со обетките од смола во светли бои, вниманието го привлекуваат и моделите со неправилни форми и неочекувани текстури – бисерен сјај, варијанти од мрежест метал и материјали што имитираат злато или сребро се многу добредојдени.
Не се сомневаме дека овој вид „впечатлив“ детаљ е навистина одлична инвестиција – не чини многу, а навистина прави разлика, додавајќи допир на актуелност и карактер на малку поедноставни комбинации.