Актерката Емили Блант конечно прошета по црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал и ни даде на сите момент за паметење.
Иако сите коментираат за нејзината нова боја на коса, Емили успеа да го засени сè што видовме претходно со својот фустан. Таа го покажа целиот гламур што го поседува фустанот од Тамара Ралф кој има кристални детали и нагласен струк и колкови.
Иако фустанот е едноставен на прв поглед, благодарение на сјајот и скулптуралните акценти, лесно може да се претера со деталите, правејќи сè да изгледа кичесто и невкусно. Сепак, Емили е мајстор во овие ситуации.
Таа додаде ефективни висечки обетки на својот бајковит стил и дополнително ја нагласи својата убавина со шминка. Овој пат, се одлучи за црвен кармин и го заокружи стариот холивудски стил што го донесе во Венеција.
Во еден момент, на Емили на црвениот тепих ѝ се придружи Двејн Џонсон, кој блескаше во сиво одело, а заедно двајцата добија само позитивни реакции од публиката.
фото: принтскрин