(Галерија) Гламурозни фустани, откачени комбинезони и пердувести наметки: модата на црвениот тепих на „Греми 2023“

Гламурозни долги фустани за музичките диви, но и екставагантни костими со светкави материјали и пренатрупани фустани со светови и силни бои, вака изгледаше  црвениот тепих на Греми музичките награди кои се одржаа во Лос Анџелес.

Модните критичари Бијонсе, Адел, Џенифер Лопез и Тејлор Свифт ги сметаат за најдобро облечени ѕвезди на Греми 2023 година.

Тејлор Свиф обрала темно син фустан и сребрено нагласено кроп топ и макси здолниште од Роберто Кавали.

Бијонсе ги истакна своите облини во блескава сребрена и кремава тоалета без прерамки со ракавици на Гучи, додека Адел се одлучи за бордо кадифен долг фустан од Луј Витон.

Џенифер Лопес беше облечена во темно син фустан на Гучи со сребрени акценти и ракави со реси.

Scroll to Top