Хрватската пејачка Северина како египетска кралица на модна ревија во Сплит. Облечена во син долг фустан и круна на главата со скапоцени камења беше дел од модното шоу на хрватската дизајнерка Матија Вуица.
На фустанот се издвојуваат делови во боја на кожа, а горниот дел е богато украсен со син накит, златни и блескави детали околу вратот.
Со гламурозна ревија дизајнерката Вуица ја претстави нејзината нова модна колекција на тема Диоклецијан и неговите сопруги. Модниот, патувачки театар „Матија Номадиќ“, како што беше наречен овој моден спектакл, се одржа на Светскиот ден на туризмот во рамки на манифестацијата „Сторија Диоклецијан“.
Модните критичари со коментари дека дизајнерката успеала на модната писта да ги донесе пустинските принцези, кралицата Теута и нејзините Амазонки, африканските кралици, нимфите, римските и грчките божици, Теодора и незаборавните пророчици од Адот до Перистил.