Над 300 илјади следачи на Хали Бери ѝ ја срцнаа фотографијата што ја објави актерката облечена во сребрен комбинезон со длабоко деколте од брендот „Амен“. Изборот на 55-годишната Бери модните критичари го нарекоа храбро издание.
View this post on Instagram
„Животот не е секогаш совршен, но овој проклет комбинезон е“, напиша Хели.
Покрај срцнувањата на фотографијата, следбениците на Хали напишаа: „Ти си вистинска природна убавица“, „Оваа жена има неверојатна фигура“, „Толку волшебно, без навестување за пластична операција“, „Толку фит и убава“, „Ти си најсовршената жена во светот“, се само дел од коментарите.
Инаку, актерката веќе неколку години е посветена на кондицијата и напорните тренинзи, ужива да тренира бокс, а покрај тоа, практикува трчање, кардио-тренинг со висок интензитет, тренинзи на сила и јога, а наводно вежба и до четири часа на ден. Покрај сето тоа, има и специфичен начин на исхрана – ги практикува кето-диетата и методот на повремено постење.