Избришете ги брчките од лицето на природен начин

Рибиното масло содржи најголема количина на витамин А и Е, што претставува најдобар лек за брчките. Овие два витамини го забрзуваат процесот на регенерација на кожата, а воедно ја прават мазна и еластична.

Ако се борите со ситни брчки и старечки дамки, измешајте рибино масло со масна павлака и сок од лимон – доволна е само една кафена лажичка. Нанесете ја смесата на кожата, почекајте 20-30 минути, а потоа отстранете ја со козметичка шпатула. Остатоците од маската исплакнете ги со претходно подготвен чај од камилица.

Маската од рибино масло и мед совршено ги измазнува длабоките брчки. Добро измешајте една лажичка рибино масло со иста количина мед. Нанесете ја оваа смеса рамномерно на кожата со лесни движења и држете само 20-30 минути. Потоа отстранете ја маската со марамче и измијте го остатокот со топла вода. Нанесете ја оваа маска двапати неделно.

Чистото рибино масло е најефективното средство за отстранување на брчките околу очите. Дерматолозите препорачуваат да се нанесува пред спиење. Само држете го на кожата 20 минути и потоа исплакнете со чиста вода.

За ефектот да биде подобар, рибиното масло може да се користи и од надвор, но и од внатре во форма на витамини.

Scroll to Top