Кејт Мидлтон е прогласена за најдобро облечена Британка од страна на магазинот „Татлер“

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон се најде на прво место на листата најдобро облечени Британки според магазинот „Татлер“. Покрај Кејт на листата се најдоа бројни познати личности како Хелен Мирен и ѕвездата од серијата „Бриџертон“ Сајмон Ешли.

Критичарите на овој магазин ги освои Кејт Мидлтон со модните комбинации во кои се гледа влијанието на 1980-тите и модниот стил на принцезата Дијана. Една комбинација која особено го воодушеви магазинот „Татлер“ беше онаа што ја носеше на трките на „Ројал Акот“ во јуни оваа година. Станува збор за бел фустан со црни точки од Александра Рич, во комбинација со црна капа.

Списанието вели дека овој фустан одлично ја отсликувал облеката што ја носела покојната принцеза од Велс пред неколку децении. Војвотката од Кембриџ е неприкосновена кралица на стилот, која ги промовира британските дизајнери, но е позната и по тоа што носи брендови со пристапни цени и се појавува во веќе видени парчиња за да промовира одржливост.

Scroll to Top