Меланија Трамп од глава до петици облечена во луксузни брендови отиде на гласање

Поранешната прва дама на САД Меланија Трамп се појави на гласачките места во Палм Бич каде што живее со семејството. Таа ретко се појавуваше во јавноста откако Доналд Трамп ги загуби изборите од сегашниот претседател Џо Бајден.

Американката со словенечко потекло овој пат одбра деловен стил за на гласање. Иако на прв поглед изгледа како да носи црна блуза без ракави и сиво здолниште, всушност се работи за фустан на Александар Меквин од 1.999 долари. Потпетиците на Меланија се од брендот Louboutin, додека чантата е на Hermès, која вреди 14.000 долари.

Scroll to Top