Приказната на Коко Шанел за создавањето на култните чевли и чанти

Модната дизајнерка Коко Шанел направи револуција во женската мода со своите креации на шапки, чевли и чанти. Првите двобојни чевли, сега дел од наследството на модната куќа „Шанел“, се создадени во 1957 година. Коко Шанел ги создаде како совршено надополнување на малиот црн фустан, костимот и на фатираните чанти. 

Шик чевлите во крем и црна комбинација се дизајнирани да направат стапалото да изгледа пократко, а црната капа на прстите служи за спречување брзо оштетување. Овој иконски модел го обожаваше и Карл Лагерфелд, кој покажа редизајнирана верзија во колекцијата за есен и зима 2015/2016 година.

„Тоа е најмодерниот чевел и во него стапалата изгледаат прекрасно“, изјави по тој повод познатиот креатор.

Овој модел на чевли не го изгубил својот шарм и денес, без разлика дали се работи за колекцијата висока мода за 2021/2022, двобојните чевли засекогаш ќе бидат дел од модната куќа „Шанел“.

Оригиналната сплит „шанел-чанта“ со луксузен изглед беше креирана од самата Габриел Коко Шанел во 1955 година, а Карл Лагерфелд подоцна воведе некои варијации откога се приклучи во модната куќа „Шанел“ во 80-тите. Самото име на оваа чанта се однесува на месецот и датумот на нејзиното создавање – февруари 1955 година.

Оваа чанта првично била наменета за богатите жени од тоа време, но била исклучително голема, рачно изработена и не многу практична. Затоа, Коко одлучи да создаде чанта што ќе биде класична во дизајнот, но и полесна за носење бидејќи стана прифатливо за жените од високата класа да носат чанта преку рамото. Сфаќајќи ја потребата модерните жени да имаат одврзани раце додека присуствуваат на социјални настани, таа ја дизајнира чантата со двоен синџир и на тој начин засекогаш ја промени историјата на овој моден додаток бидејќи чантите повеќе не мораа да се носат само во рака.

Денес е тешко да се замисли дека чантата „шанел“ не е украсена со познатото лого на оваа модна куќа – испреплетените букви CC, но она што е интересно е дека не било секогаш така. Дизајнот е дело на Карл Лагерфелд, кој ова лого им го додал на чантите дури во 80-тите. До тој момент чантите на „Шанел“ имаа правоаголно копче на Mademoiselle Lock, дизајнирано од самата Коко. Мадмозел-копчето, што значи млада дама на француски, го добило своето име поради фактот што Коко Шанел никогаш не се омажила. Покрај тоа, оригиналната чанта „шанел“ беше бордо, која беше инспирирана од бојата на униформите што ги носеле Габриел Шанел и другите деца во сиропиталиштето каде што таа пораснала.

Scroll to Top