Се појави нов тренд во шминкањето, луѓето пишуваат: „Неодоливо“

На социјалните мрежи се појави нов тренд кој кружи под хаштагот „doublegloss„. Методот започна со брендот „Fenty Beauty“, а се состои од нанесување масло или маска за усни прво на вашите усни, а потоа сјај. Така, вашите усни треба да бидат посјајни и посочни од кога било.

Девојките на „Тик-ток“ ја покажуваат употребата на овој метод, вклучувајќи ја и Даниел Естрада: „Веднаш гледате колку ги хидрира вашите усни“.

По маслото, таа го нанесе иконскиот „Fenty# сјај и го покажа резултатот. „Ми се допаѓа слоевитоста бидејќи навистина го дава тој дополнителен сјај“.

Софи Мареј го покажа истиот метод, само со различни нијанси, а на усните им направи нежно розево: „Сјајна, сочна, толку слатка“.

„Многу убаво“, „Сè уште не сум направилa слоеви, но идејата е одлична“, „Ова и го направив на ќерка ми утрово пред училиште“, „Двоен сјај!“, Неодоливи“, „Најсочни усни, опседната сум“, се коментарите на видеаta.

Tрендот започна со брендот на Ријана „Fenty Beauty, а многу луѓе го прифатија користејќи ги нивните производи. Брендот продава и комплет за двоен сјај, а нијансите на масло и сјај можat да се прилагодат по ваш вкус.

Scroll to Top