Се продаваат наочарите кои Ленон му ги подарил на посетител на студиото „Abbey Road“

Тркалезни очила со сини леќи, кои Џон Ленон му ги подари на маж при посетата на студиото „Abbey Road“ каде што снимаа Битлси, ќе се продаваат на аукција, пишува во неделата германската агенција dpa.

Очилата во стилот на Џон Ленон му биле дадени на човекот, кој бил во студиото со девојката во 1968 година, а се очекува да се продадат за помеѓу 2.000 фунти (околу 2.370 евра) и 3.000 фунти. Не е јасно кому му припаѓале всушност очилата.

„Младиот човек ги виде очилата на клавирот и отиде да ги земе, но неговата девојка во тоа време му рекла да ги пушти, на што Ленон рече „во ред е, може да ги земе““, изјави портпаролката на аукциската куќа Кетрин Саутон.

Очилата ќе се продаваат заедно со колекција од 33 црно-бели фотографии направени на „Аби Роуд“ во 1968 и 1969 година, од кои некои се направени на денот на насловната страница на албумот на Битлси, на кој се гледа како членовите на бендот поминуваат на пешачки премин.

Фотографиите, вклучително и некои на кои се појавуваат Пол Макартни, Џорџ Харисон, Џорџ Мартин и Ринго Стар, ќе се продаваат заедно со авторски права помеѓу 200 и 300 фунти. Аукцијата ќе се одржи на 31 јули во голф клубот Farleigh во Сари на југоистокот на Англија.

Scroll to Top