Средба на три модни икони: Хилари, Лени и Ана Винтур

Уредничката на „Вог“ Ана Винтур, на неодамнешната Мет Гала се дружеше со поранешната прва дама на САД, Хилари Клинтон и рок легендата Лени Кравиц. Фотографијата од нивната средба ја објави модниот магазин.

„Никогаш не знаете на кого ќе налетате на Мет Гала. Во Мет музејот се сретнаа три модни икони“, пишува на Инстаграм.

Сепак, фановите на „Вог“ не беа толку воодушевени. Некои коментираа дека Хилари не е икона, а местото не ѝ е меѓу големи ѕвезди како Ана и Лени. Внимание привлекоа чизмите од питон на Кравиц, за кои фановите напишаа дека се меѓу најдобрите модни парчиња на годинашната хуманитарна приредба.

Scroll to Top