Татјана, Синди, Наоми, Кристи и Линда – култната петорка чија убавина е дел од историјата

Татјана Патиц, германската манекенка која почина вчера на 56 години, беше дел од легендарната петорка супермодели одо 80-тите и 90-тите години, заедно со Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Кристи Тарлингтон. Оригиналните супермодели, како што ги нарекуваат и денес, одбележаа не само една деценија, туку и цела историја на модата. Јавноста и денес ја памети изјавата на Линда Евангелиста дека не станува од кревет за помалку од 10.000 долари на ден.

Петте дами заедно се појавија на историската насловна на „Вог“ во 1990 година, а тоа подоцна го инспирираше Џорџ Мајкл да ги ангажира во спотот за песната „Фридом“. Татјана често беше опишувана како „црната овца“ меѓу петте, бидејќи беше многу потаинствена од другите модели. Поради ова, многумина често наместо неа во „култната петорка“ ја вклучуваат Клаудија Шифер. Но, во реалноста, Татјана беше една од првите пет супермодели какви што ги знаеме денес.

По 90-тите, тие ретко можеа да се видат гледаа заедно. Во 2018 година, Донатела Версаче собра дел од нив на модна ревија во чест на нејзиниот брат Џани, но меѓу нив не беше Татјана. Таа одби и да се појави во документарецот посветен на нивните животи, па останатите четири дами снимаа без неа.

Татјана, Синди, Наоми, Кристи и Линда се култната петорка која покрена револуција во модниот свет и чија убавина и денес е дел од историјата.

Синди Крафорд

Синди Крафорд почнала да се занимава со манекенство во средно училиште, а иако добила стипендија за да студира хемиски инженеринг, по еден семестар се откажала за да се продолжи со модната кариера. Таа стана една од најуспешните во историјата, а по нејзините стапки во последните години тргна и нејзината ќерка Каја. Синди официјално го напушти манекенството во 2000 година.

Кристи Тарлингтон

Кристи Тарлингтон некогаш беше прогласена за најубава жена на светот, а во 2014 година беше вклучена на листата на 100 највлијателни луѓе на светот на магазинот „Тајм“. Долго време за неа велеа дека е најслатката манекенка на сцената. Таа се занимава со хуманитарна работа, има своја линија за убавина и модна линија. Иако уште во 1994 година почна да го намалува бројот на ангажмани, никогаш целосно не престана да работи како манекенка.

„Решив дека е подобро да ставам крај кога јас ќе одлучам, а не кога некој друг ќе одлучи наместо мене“, рече тогаш таа.

Линда Евангелиста

Канаѓанката Линда Евангелиста ја започна својата кариера во Њујорк во 1984 година. Во 1988 година ја скрати својата долга коса во пикси стил и почна со тренд на косата познат како – Евангелиста. Ја нарекуваа „камелеон на модната индустрија“ затоа што лесно се прилагодуваше на секој бренд. Влезе во историјата со изјавата дека не работи ако е платена под 10.000 долари на ден. Го напушти манекенството во 1998 година, но се врати три години подоцна. Потоа ја снема од јавноста, а во 2021 година, проговори за третманот CoolSculpting кој ѝ го деформирал лицето.

Наоми Кембел

Наоми Кембел е родена во Лондон. Првата работа ја добила на седум години, во спотот за песната Is This Love од Боб Марли. Таа првично имала намера да биде танчерка, но била забележана од моден агент и завршила на насловната страница на магазинот „Ел“ пред да наполни 16 години.
Таа е една од најпознатите модели на сите времиња,. Го носи прекарот Црниот пантер, а е активна и денес.

Татјана Патиц

Татјана Патиц беше германска манекенка и актерка која постигна меѓународна супер слава во 80-тите и 90-тите. Таа работеше со најголемите светски брендови и сликаше преку 200 насловни страници на најпрестижните модни списанија. Таа секогаш беше подалеку од јавноста, а нејзиното име не беше толку популарно како Наоми, Синди, Линда или Кристи.

„Таа беше многу помалку видлива од нејзините врсници – помистериозна, повозрасна, понеостварлива – и тоа имаше своја привлечност“, ја опиша еднаш Ана Винтур.

Scroll to Top