(Видео) Луѓето не можат да престанат да зборуваат за новата реклама за „Бос“ со Бекам

Дејвид Бекам е новиот модел за рекламната кампањата за долна облека на брендот „Бос“. 49-годишниот поранешен фудбалер ги покажа своите издлабени мускули, привлекувајќи воздишки кај своите фанови.

Многумина оваа кампања ја нарекоа „најсекси кампања на годината“, иако беше снимена во јануари. Тие пишуваат на социјалните мрежи дека е тешко некој да го надмине ова.

Бекам позира во долна облека потпрен на ѕид, седнат на стол, а позира и под туш.

Scroll to Top