Викторија открива што никогаш не му дозволила на Дејвид: „Ниту мојот сопруг не ме виде…“

49-годишната модна дизајнерка и поранешна пејачка Викторија Бекам на Инстаграм сподели видео туторијал за шминкање на кое им покажува на своите фанови како таа ги полни веѓите.

На почетокот на видеото таа сподели интересен податок за себе кој го привлече вниманието на сите.

Таа храбро изјави дека нејзиниот сопруг Дејвид Бекам, со кој е среќна во брак 24 години, никогаш не ја видел без совршено исцртани веѓи.

Викторија Бекам на почетокот на видеото истакна дека не се шминка. Таа самоуверено изјави дека ова е првпат некој да има шанса да биде сведок на нејзините природни, недопрени веѓи: „Ова е прв пат да дозволам некој да ме види без исцртани веѓи. Дури и мојот сопруг никогаш не ме видел без моите веѓите готови“.

Викторија признава дека е особено чувствителна околу веѓите. По долгогодишно прекумерно кубење, останала со тенки, ретки влакна. Тоа е потсетник на старите добри 90-ти, кога тенките веѓи беа во мода. Викторија го следеше тој тренд и премногу често ги кубеше за да го постигне посакуваниот изглед.

„Со текот на годините моите веѓи беа толку откорнати што би се ужаснале. Сакам да видите колку ми се раздвоени веѓите, ми недостигаат многу влакна. Немам ништо на овие веѓи во моментов, но можете да видите колку ми треба да ги наполнам и исправам“, рече таа во видеото.

Викторија зборуваше и за својата самодоверба: „Задоволна сум со тоа што сум, прифаќам како изгледам. Се чувствувам, професионално и лично, навистина успешна на 49 години. Размислувам како да се шминкам“ .

Таа исто така нагласи дека не би сакала повторно да има 25 години: „Јас бев тип на млада жена која ќе се погледне во огледало и ќе види што треба да се подобри, за разлика од она што всушност изгледа во ред. Не се работи за промена на нешто, туку само за гледање во најдобрата верзија од себе“, заклучи таа.

Scroll to Top