Влечките на Јелена Карлеуша се идеални за секоја модна комбинација.
Јелена Карлеуша важи за жена со најмногу стил, а покрај нашите ја копираат и светските ѕвезди.
Така влечките на Јелена Карлеуша од модниот бренд „Хермес“ пред неколку години станаа апсолутен хит, а се носат и ова лето.
Јелена сигурно не е единствената што ги поседува, бидејќи тие се меѓу милениците на многу познати дами, меѓу кои и пријателката на Карлеуша, Милица Павловиќ, Северина, Цеца, Софија Милошевиќ.
Овие влечки се идеални за сите модни комбинации, па не е чудно што со години не излегуваат од мода. Можат да се носат во малку поелегантно издание, како што тоа го правеше Јелена, но и во опуштена, летна комбинација, како што ги носеше Милица Павловиќ.
Поранешната манекенка, а сега креаторка Софија Милошевиќ ги носеше на плажа, па одговараат дури и за тоа. Овие влечки се произведуваат во повеќе бои, поради што се идеални за комбинирање.
Како што претпоставувате, овие влечки воопшто не се евтини, напротив, чинат 595 евра.
Сепак, можат да се купат и слични модели по значително пониски цени кои се продаваат за околу 20 евра ако се од еко кожа или за 50 евра ако се од кожа.