Били Ајлиш и нејзиниот дечко Џеси Радерфорд во Музејот на уметност во Лос Анџелес на црвен тепих на галата за Lacama Art+Film се појавија во брендирани пижами со брендиран јорган.
Додека нивните познати колеги одбрале фустани и смокинг за свечениот настан, пејачката се појави во облека за спиење.
Пижамите на Ајлиш не се какви било туку се креации на луксузниот бренд Гучи.
Ова е прво појавување на Ајлиш и Радефорд во јавноста откако само пред неколку недели ја објавија нивната романса во јавност.