Хороскопскиот знак влијае на карактерот на секој човек. Мажите, за разлика од жените се позатворени и треба подолго време да истражувате доколку сакате да бидете сигурни што тој сака.
Овен
Овенот има силен инстинкт и сака да биде во центарот на вниманието. Кај жената сака женственост и разиграност, но сака и жена што е интелигентна. Овните сакаат жени што не се плашат од нови контакти. Овој маж е романтичен и добар љубовник. Сака однапред да планира, работлив е и лесно доаѓа до пари, но заради екстраваганција брзо останува без нив.
Бик
Биковите се доследни на себеси и настојуваат да бидат практични во различни животни ситуации. Многу се работливи, но сакаат нивната работа да е призната и ценета. Тврдоглави се и скептични, често љубоморни и посесивни. Биковите во среќна врска без никаков компромис ќе ја бранат честа на својата избраничка. Ако треба ќе влезат и во физичка пресметка за неа.
Близнаци
Овој маж во минува низ многу повеќе врски од другите знаци пред да стапи во брак. Неговиот шарм веднаш ги привлекува жените. Поседува смисол за хумор и позитивните вибрации, па ниедна жена не останува рамнодушна. Овие знаци брзо се заситуваат од промени. Отворени се за туѓи мислења, но често премногу филозофираат за да да ги докажат своите тези.
Рак
Тие се целосно ориентирани кон семејниот живот. Емотивни се и предани на својата партнерка. Имаат силна поврзаност со нивната мајка, а подолгите патувања им будат носталгија за домот и семејството. Често го менуваат расположението. Внимателни се со пари. Внимателни се и кога избираат жена. Припадниците на овој знак сакаат добра облека, а решаваат да се занимаваат со готвење или стануваат писатели.
Лав
Харизматичен и секогаш желен за внимание, Лавот има огромна верба во своите способности. Овие мажи се оптимистични и независни. Но, знаат да се однесуваат лошо кон лицата што им се подредени. Неизмерно се тврдоглави, тешко прифаќаат пораз, а најмал неуспех ги деморализира. Партнерката мора да ја разбере неговата страст за успех во животот и секогаш треба да биде подготвена на ласкање и охрабрување.
Девица
Мажите Девици често имаат кариера во областа на науката и медицината. Стојат цврсто на земја, водат сметка за изгледот и им бараат недостатоци на партнерките. Не покажуваат многу емоции, но тоа не значи дека ги немаат. Нивната главна маана е што имаат недоволно самодоверба и од партнерката очекуваат доказ за нејзината приврзаност.
Вага
Машките Ваги се одлични партнери. Имаат смисла за хумор, голем талент за шармирање и нивната енергичност никогаш не останува незабележана. Една од нивните најдобри страни е способноста лесно да се кренат по падот и да се снајдат и кога се наоѓаат во безизлезна ситуација. Но, знаат да бидат површни и опседнати со самите себеси. Кај жените прво ја забележуваат физичката убавина, а дури потоа карактерот.
Скорпија
Припадниците на овој знак многу лесно ги освојуваат жените. Имаат силна желба за контрола, а нивната таинствена природа никого нема да остави рамнодушен. Парите, возбудливоста и општествениот статус лесно ги мотивираат, но тие можат да бидат доследни на своите морални вредности. Тоа вклучува и верност кон партнерката.
Стрелец
Стрелците се многу оптимистични и среќни и секогаш ја гледаат позитивната страна во работите. Подеднакво се успешни и во својата кариера и во љубовните врски. Не се грижат за својот изглед, а нема да им пречи ни доколку партнерката се запостави. Речиси и да не знаат што значи љубомора и посесивност. Знаат да бидат наивни, па често имаат преголеми очекувања од другите. Со својата искреност знаат да ги навредат соговорниците.
Јарец
Јарците се интелигентни, успешни и упорни во своите планови. Природно се наметнуваат како лидери и лесно ги придобиваат другите на своја страна. Иако се емотивни, многу тешко ги покажуваат своите чувства. Зависни се од контрола, заради што внимаваат на изгледот и однесувањето во друштво.
Водолија
Припадниците на овој знак се стабилни и силни. Секогаш се подготвени да ви излезат во пресрет и да сочувствуваат со вас. Затворени се кога се во прашање нивните емоциите, што ги прави исклучително тешки за разбирање од страна на спротивниот пол. Затоа често завршуваат со многу постари, поискусни жени кои имаат разбирање за нивните чести желби за мечтаење и тишина.
Риби
Овие мажи се интуитивни, па можете да очекувате дека ќе ве разберат дури и кога сите останати ќе ви завртат грб. Чувствителни се и бараат личност која ќе се спротивстави на сите проблеми со кои се соочуваат во животот. Понекогаш се заљубени во себе и очекуваат од жената да го направи првиот чекор. Понекогаш се лицемерни, тоа им е најголемата мана.