Петилјади мобилни куќи од Катар кои се користеа за време на Светското првенство во Катар, беа донесени во Турција и северна Сирија. Од Катарскиот фонд за развој (QFFD) рекоа дека планираат да испратат 10.000 монтажни згради од Светското за да се засолнат преживеаните од земјотресот во Турција.
Првата серија од 350 објекти беше испорачана во неделата, соопштија од фондот. За потсетување, земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтер ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а досега загинаа повеќе од 35.000 луѓе.
Десетици илјади згради беа уништени или сериозно оштетени, а милиони луѓе останаа без покрив над главата. Помош од 100 милиони долари претходно беше најавена од Обединетите Арапски Емирати, додека Саудиска Арабија испрати и осум авиони полни со залихи.