Американка е прогласена за девојка со најголема и најширока уста во светот

Сем Рамсдел (33) од Америка со години го привлекува вниманието со својата впечатлива насмевка. Всушност, таа може да ја отвори устата до 6,52 сантиметри, што и ја донесе титулата „Најголема уста“ во јули 2019 година.

Сем неодамна освои уште една титула – „Најширока уста“, бидејќи може да ја рашири устата дури 10,33 см. Денес оваа жена се гордее со својот изглед, но не било секогаш така.

„Одлично е што нешто од што се срамев и ми се исмејуваа сега стана супер вештина за мене. Неверојатно е чувството да се има уште еден светски рекорд. Секако, сè уште добивам непријатни коментари за мојот изглед до ден-денес. Ми велат дека сум одвратна и страшна. Но има и многу позитивни коментари од луѓе кои велат дека сум им инспирација затоа што нешто што се сметало за негативно го претворив во позитивно“, вели Сем.

Таа истакнува дека се надева дека тоа ќе биде мотивација за другите да го прифатат она што ги прави посебни, а не да се обидуваат да го променат за да се вклопат во општествените норми.

Сем има 3,8 милиони следбеници на Тик ток, а таа се пофали со уште еден рекорд ова лето. Во видеото кое собра 4,5 милиони прегледи и 178.000 лајкови, таа рече: „Така, сега всушност имам два Гинисова рекорди“.

 

Scroll to Top