Археолошкиот музеј на Каталонија ги отвори вратите за нудистите

Археолошкиот музеј на Каталонија во Барселона ги отвори вратите за нудисти, одржувајќи специјална тура за време на која посетителите можеа да го посетат музејот без облека.

Археолошкиот музеј на Каталонија ја организираше 90-минутната турнеја во соработка со каталонскиот натуристички клуб, објави Ројтерс.

Посетителите ја погледнаа изложбата на фотографии Војниците на Риакија од Луиџи Спина на кои се прикажани две големи грчки бронзени статуи на голи воини од 5 век п.н.е., откриени во 1972 година во близина на Риасија, Италија.

Scroll to Top