Белгиски принц казнет со 10.400 евра за кршење на карантинот, му се брзало на журка во Шпанија

Белгискиот принц Јоаким, кој се зарази со коронавирус откако присуствувал на една забава во Шпанија, е казнет со 10.400 евра, поради кршење на мерките со карантин.

Тој е казнет откако пристигнал во Шпанија, на 24. мај, затоа што не ги испочитувал мерките на 14 дневен карантин. Тој само два дена подоцна присуствувал на една забава во Кордоба, пренесува „Би-Би-Си“.

Иако се извинил за своето однесување, тој ќе мора да ја плати казната, која може да му биде намалена за 50%, ако ја плати во рок од 15 дена.

Принцот Јоаким е внук на белгискиот крал Филип и 10 во редот за наследување на тронот.

 

 

Scroll to Top