Бијонсе со нов имиџ на филмска премиера, ниту таа не одолеа на новиот тренд

Поп ѕвездата Бијонсе неодамна присуствуваше на американската премиера на нејзиниот филм „Renaissance: A Film Beyonce“, а нејзината промена на имиџот ја изненади публиката.

Имено, пејачката на премиерата се појави со нова фризура, која значително се разликува од претходните изданија. Бијонсе за таа пригода имаше платинесто-руса коса.

Како што пишуваат американските медиуми, станува збор за перика направена од нејзиниот фризер Нил Фарина, додека за шминката била задолжена шминкерката Рокаел Лизама. Својата нова фризура и шминка ја комплетираше со сребрен фустан од Версаче. За целокупниот стајлинг беше задолжена стилистката Шиона Турини.

Инаку, нејзината промена на косата доаѓа откако други ѕвезди како Ријана и Ким Кардашијан ја осветлија бојата на косата.

Дизајнерката на фустани Донатела Версаче во саботата изјави дека Бијонсе е визијата на нејзината модна куќа бидејќи е единствена и затоа едвај чека да го види филмот.

Scroll to Top