Бојадисуваат гулаби за откривање на полот на бебето, бизарен тренд во регионот

Во светот постои бизарен тренд во кој идните родители за откривање на полот на бебето бојадисуваат гулаби во розова или сина боја. Овој тренд од Западот е прифатен и во Србија и како што вели српскиот голубар Никола Јовановиќ е опасен доколку самите ги бојадисаат гулабите.

Тој објаснува дека не го поддржува овој нов тренд, но дека доколку веќе се купени гулаби за оваа намена, најдобро е да се обратат кај гулабарор и љубителите на гулаби, а не корисниците сами да ги ловат.

„Нема некој кој професионално ги бои гулабите, но има одредени бои кои првенствено се наменети за љубителите да ги заштитат своите гулаби од предатори. Најчеста е розовата, може да биде и сина и зелена. Ги означуваме гулабите на тој начин, бидејќи е неприродна боја и затоа предаторот не реагира на таков гулаб кога ќе наиде на стадо, односно го избегнува гулабот поради неговата неприродна боја. Нам како одгледувачи ни е полесно да го идентификуваме и следиме во споредба со другите стада“, објасни тој.

Јововиќ додава дека споменатиот тренд е опасен доколку луѓето сами го бојадисаат гулабот бидејќи, како што вели, спрејот што го има на пазарот и кој се користи за бојадисување гулаби не предизвикува никаква штета, а доколку се користи некоја друга боја може да предизвика лепење на пердувите на птицата, па и смрт.

Scroll to Top