Бритни Спирс ја загуби судската битка со својот татко

Судот во САД го отфрли барањето на славната поп-пејачка Бритни Спирс за отстранување на татко ѝ како доверител на нејзиниот имот, пренесуваат светските медиуми.

Џејми Спирс цели 12 години е законски управител на имотот на ќерка си поради нејзините проблеми со психичкото здравје. Адвокатот на Бритни Спирс изјави дека таа се плаши од својот татко и не се чувствува безбедно додека тој ги контролира нејзините средства. Адвокатот на нејзиниот татко, пак, тврди дека тој секогаш постапувал во интерес на својата ќерка.

Судијата одби да го отстрани Џејми Спирс како доверител на имотот на ќерката Бритни Спирс, но рече дека ќе ги разгледа идните молби за негово суспендирање или смена. Судијата по барање на пејачката одобри финансиската компанија „Бесемер траст“ да биде назначена за дополнителен доверител покрај татко ѝ.

Scroll to Top