Бродови од Првата светска војна потонати во Охридското Езеро

Седум брода во Првата светска војна се потонати во Охридското Езеро. Нивните остатоци се наоѓаат на дното на езерото во близина на Струга. Потонатите бродови ги истражува и докуметира центарот за нуркање „Акватек“. Даниел Атанасовски од центарот за МИА рекол дека бродовите досега не се доволно документирани.

„Познати се доста информации поврзани со овие бродови, како нивниот производител и тоа дека биле користени за транспортирање голем товар“, рекол Атанасовски.

Бродовите се наоѓаат на 1.000 метри од крајбрежјето покрај Струга, на длабочина меѓу шест и седум метри. Конечниот број на бродовите треба да се потврди, а се смета дека се седум, односно два главни брода и неколку помошни. Тимот на „Акватек“ има цел да ги документира бродовите со сите детали во соработка со Никола Паскали, подводен археолог кој бил дел од првите експедиции на овој локалитет.

 

Scroll to Top