Чизкејк со џин-тоник

Потребни состојки:

200 гр чајни колачиња
100 гр растопен путер
500 гр крем-сирење
25 гр шеќер во прав
50 мл џин
Една лажичка сок од лимон или лимета
Изрендана кора од лимон или лимета
100 гр бела чоколада
300 мл слатка павлака

Подготовка:

Издробете ги колачите додека да добиете ситни ронки. Измешајте ги со стопениот путер и на дното на калапот нанесете во слој и ставете во фрижидер да се стврдне.

Во голем сад измешајте ги крем-сирењето, шеќерот, џинот, сокот од лимонот/лиметата и кората, додека да добиете изедначена смеса. На пареа растопете го чоколадото и оставете го една минута да се излади и измешајте го во смесата со сирењето. Настрана изматете ја слатката павлака и додадете ја во кремот од сирење.

Филот ставете го врз основата од чајни колачи и оставете да преноќи во фрижидер. Декорирајте според вашата желба.

Послужете со ладно кафе или секако, со џин-тоник.

Scroll to Top