Пејачката Ана Бекута неодамна остана без свјот партнер Милутин Мркоњиќ, а веднаш по погребот изјави дека се повлекува од музиката и ги откажува настапите. Сега објави и дека се враќа на работните обрски.
„Најдраги мои, одлучив во Новата година сепак да влеземе заедно. Се гледаме на 31 декември во преубавото Требиње, а на 1 јануари во магичната Бања Лука. Се радувам што ќе се прегрнуваме и грееме со песна. Добро облечете се, немој некој да дојде без долна маица. Ве сака вашата Ана“ – напиша Бекута на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
За потсетување, Мрка, како што пренесуваа српските медиуми, побарал од Ана додека бил во болничка постела да му вети дека ќе продолжи со пеењето и по неговата смрт.
„Мрка сите го знаат како голем шегобиец, тој е толку позитивен човек што секаде внесува само радост и насмевки. Дури и додека поминува низ најтешката животна борба, тој е позитивен и се труди да ѝ олесни на Ана. Многумина се зачудија кога таа соопшти дека нема да ги откаже настапите, иако Мрка се бори за живот. Всушност, не е фер што ја оговараат Ана, бидејќи тоа беше желба на Мрка, тој знае дека песната и работата ја одржуваат Ана во живот и затоа бараше од неа да му вети дека нема да се одрече од музиката ниту во најтешките моменти“ – своевремено кажа извор близок на пејачката за медиумите.