Дарко Лазиќ претходната ноќ имал настап во еден белградски клуб, што било неговото прво појавување пред медиумите по скандалот со снимката на која се гледа како шмрка бел прав, по разделбата со Ана Севиќ.
Иако досега избегнуваше да коментира, на настапот дојде насмеан, а на прашањето за дрогата, призна дека е тој на снимката.
„Тоа е снимка од пред девет години, така што не сакам да коментирам. Тоа денеска стана нормално и никого не чуди“, изјави Дарко со насмевка.
Потоа се фати за микрофонот и почна да пее.
А во публиката беше синот на Радиша Трајковиќ Џани, Мина Врбашки.