Денес сакам да сум како ова куче: фотографија од Тиват која стана хит на социјалните мрежи

Фотографијата сликана во близина на Тиват на која постар господин ужива на вода со суб даска, а друштво му прави кучето, стана хит на социјалните мрежи.

Сите наоѓаат начин како да се разладат во овие летни денови, а овој господин не заборавил на својот миленик, па спасот од горештините го нашле на даска во морето.

„Гледај, генијална идеја“, „Добро за дедото“, „Ова куче живее подобро од мене“, „Денес би сакал да бидам ова куче“, „Не ти требаат пари за вистинско уживање“, „Знаат да уживаат“, се дел од коментарите.

Scroll to Top