Дензел Вашингтон e најноминиран афроамерикански актер за наградата Оскар

Холивудскиот актер Дензел Вашингтон (67) вчера доби номинација за наградата Оскар, за својата улога во филмот „Трагедијата на Магбет„ (анг. „The Tragedy оf Macbeth“). Ова е десетта номинација за него, со што испиша историја и стана најноминираниот афроамерикански актер за оваа филмска награда.

Тој има досега освоено само две златни статуетки. Првиот Оскар го освои во 1989 година, за споредната улога во филмот „Glory“. Додека вториот го освои во 2001, за најдобар глумец во филмот „Training Day“.

Досега само четирица афроамерикански актери имаат добиено Оскар за најдобар актер: Сидни Поатје  во 1964 година, Дензел Вашингтон во 2001 година, Џејми Фокс во 2005 година и Форест Витакер во 2007 година, а само една афроамериканска актерка има добиено Оскар за најдобра актерка, Хали Бери во 2002 година.

Овогодинешното 94. издание на Оскарите ќе се одржи на 27 март, традиционално во театарот Долби во Холивуд.

Scroll to Top