Дневен хороскоп за 8 март

Овен

Денес не е поволен ден за барање нова работа. Дајте си себеси и на вашиот партнер доволно време за носењето важни одлуки. Ако форсирате, можно е да имате и проблеми. Имате болки во грлото, а на вашата кожа ѝ е потребна нега.

Бик

Ве очекуваат важни промени на кои ќе мора да се прилагодите многу брзо. Работите можат да се решат позитивно за вас. Можеби ќе бидете разочарани од партнерот поради тоа што не ги исполнил очекувањата кои сте ги имале. Би ви годела диета.

Близнаци

Немате проблеми на работа и сè се одвива по вообичаениот тек. Денешниот ден ви е генерално поволен. Пред вас се љубовни проблеми кои до некаде ви годат. Можно е да влезете во врска со нова личност. Што се однесува до вашето здравје, денеска многу сте чувствителни.

Рак

Не ви е тешко да се изборите со проблемите на работното место. Можно е вашите соработници повеќе да ви одмогнат отколку што ќе ви помогнат. Не сте премногу отворени во покажувањето на вашите емоции, нешто за кое вашиот партнер може да ви замери. Можни се проблеми и со несоницата.

Лав

Во моментов заздравувате од големо разочарување поради губитокот и крахот на работното место. Денеска е идеален ден за флерт. Ако постои личност која ви се допаѓа, покажете ѝ го тоа. Зголемете ја консумацијата на магнезиум.

Девица

Ќе имате можност да покажете дека вашата работа е на прво место. Поради тоа ќе добиете поголеми надлежности од вашите претпоставени. Ако сте во врска, ова е поволен ден да ѝ покажете колку ви значи. Би ви годела масажа.

Вага

Доколку се занимавате со работи поврзани со комуникацијата, можно е да постигнете значителен успех. Можно е да очекувате интересна љубовна средба со личнос која ја познавате веќе подолг период. Би ви годела прошетка.

Скорпија

Полето на деловен план ви е добро поставено. Можете да очекувате дека ќе ги остварите посакуваните амбиции. Пред вас е одличен ден за да остварите ново познанство, како и за почеток на некоја нова врска. Со вашето здравје е сè во ред.

Стрелец

Можете да очекувате решавање на одредени проблеми на полето на работа. Некои конечни одлуки би можеле да се донесат во овој период. Ве очекува интересно познанство со личност која отворено ќе го покаже својот интерес. Здравјето ви е одлично.

Јарец

Можно е да имате шанса за напредок во наредниот период. Среќата е на ваша страна. Ве очекува можност за ново познанство со личност која би можела да ви стане значајна на подолги патеки. Имате чувствителна бешика.

Водолија

Се потпирате на своите соработници и верувате дека тие би требало да ви помогнат околу собраниот куп работа. Саканата личност не се однесува добро кон вас и имате впечаток дека доаѓа до сериозно заладување на односите. На здравствен план се чувствувате одлично.

Риби

Пред вас доаѓаат важни одлуки за кои треба да бидете максимално концентрирани во нивното донесување. Може да очекувате добар однос со вашиот партнер. Ако сте во брак, може да размислувате за деца. Имате пад на имунитетот.

Scroll to Top