Должината на просечниот пенис во последните 30 години пораснала 25 отсто, тврдат научниците

Мета-анализата спроведена од Универзитетот Стенфорд покажала дека должината на просечниот пенис во ерекција во периодот од 1992 до 2021 година пораснал за 25 отсто, од 12,19 см на 15,24 см, пишува Дејли мејл.

Научниците од Стенфорд стравуваат дека пенисите им пораснале поради изложеност на хемикалии, неактивен начин на живот и консумирање нездрава храна. Во исто време, гореспоменатите фактори придонеле за пад на плодноста од 1992 до 2021 година. Како дел од тие студии биле измерени 55.761 пенис.

Научниците очекувале дека должината на пенисот ќе се намали помеѓу 1992 и 2021 година.

„Секоја промена во развојот е загрижувачка бидејќи нашиот репродуктивен состав е еден од најважните делови на човечката биологија. Ако промените се случуваат толку брзо, тоа значи дека нешто моќно се случува во нашите тела. Мора да се обидеме да ги потврдиме овие резултати, мора да утврдиме што ги предизвикува тие промени“, рекол др. Мајкл Ајзенберг, професор по урологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Стенфорд.

Студијата покажала дека просечниот флакциден пенис во периодот од 1942 до 2021 година бил долг 8,63 см. Просечниот истегнат пенис во истиот период бил долг 12,95 cm, а просечниот заострен пенис бил 13,71 cm.

Иако оваа мета-анализа ја разгледувала должината на пенисот, не се осврнува на тоа зошто пенисите станале поголеми или како големината на пенисот влијае на плодноста.

Должината на пенисот е поврзана со репродуктивните хормони на човечкиот ендокриниот систем.

Д-р Ајзенберг стравува дека зголемувањето на пенисот може да биде поврзано со изложеност на штетни хемикалии кои се наоѓаат во пестицидите и хигиенските производи. Научниците веруваат дека истите фактори кои водат до зголемување на пенисот може да доведат и до неплодност и еректилна дисфункција.

Дејли мејл пишува дека експертите сметаат дека падот на плодноста, кој веќе доведе до пад на бројот на деца кои се раѓаат во САД и другите развиени земји, може да доведе до економски проблеми.

Scroll to Top