Кралот на поп-музиката Мајкл Џексон почина на 25 јуни 2009 година, но фотографија од него направена пред две недели се појави на социјалните мрежи, ги збуни корисниците и фановите на пејачот.
Иако изгледа дека Мајкл позира во огледалото со мобилен во рака, тоа не е тој. Станува збор за човек кој се претставува како Фабио Џексон, а неговиот изглед неверојатно потсетува на легендарниот пејач.
@officialfabiojackson ❤️ #cupid ♬ cupid – sio
Поради сличноста со Џексон, Фабио (28) создаде вистинска армија од обожаватели на социјалните мрежи, а на Тик ток го следат речиси 11 милиони луѓе.
Често објавува видеа во кои го имитира пејачот и собира многу лајкови.
Откако поединци го нападнаа дека направил пластична операција само за да личи на Џексон, Фабио сподели фотографија од детството за да докаже дека отсекогаш бил таков.
@officialfabiojacksonWhen I was performing for Bryan Michael Stoller live on tiktok.
Тој тврди дека неговата сличност со кралот на попот е природна и не е резултат на шминка. Тој вели дека има проблем со кожата, болест наречена витилиго (губење на пигмент), а Мајкл ја имал истата болест.